Рајн Некар го доби дербито со „гладијаторите“

Составот на Рајн Некар имаше одличен ден и забележа значајна победа на дуелот против Магдебург со 28:22 откако ракометарите одиграа одлично и во текот на сите 60 минути имаа контрола на играта.

Филип Талески не доби шанса на овој дуел, но неговите колеги завршија одлична работа. Победата беше обезбедена уште во првите 30 минути откако Рајн Некар дојде до 18:8, па во продолжение од натпреварот немаше проблеми за да се одигра мирно и да се чува разликата.

Гостите во вторите 30 минути намалија, но беше предоцна за да може да се направи нешто повеќе. Оттаму Рајн Некар освои значајни бодови за враќање во водечката четворка, а тоа може да се очекува откако ќе бидат одработени и заостанатите средби.