Рајн Некар ги започна подготовките со нов лев бек (ФОТО)

Германскиот првак ги започна подготовките за новата сезона. Во тренинг центарот на Рајн Некар Ловен ракометарите на бундеслигашот започнаа со физичка подготовка за долгата и напорна сезона во домашниот шампионат и Лигата на шампионите. Во составот на актуелниот германски шампион од пред два дена има уште еден лев бек.

Новото засилување за „лавовите“ од Манхајм е Кристиан Близнак, шведски интернационалец кој пристигнува од редовите на норвешки Елверум, во минатото настапувал за Савехоф, Алингсас, швајцарски Кадетен Шафхаузен и германски Вецлар. Тој ќе ја завземе левата бековска позиција заедно со македонскиот репрезентативец Филип Талески и српскиот интернационалец Момир Рниќ.

Покрај Близнак во составот на Рајн Некар Ловен оваа сезона пристигнаа Џери Толбринг (Кристијанштад), Момир Рниќ (Мелсунген) и Богдан Радивојевиќ (Фленсбург), а заминаа Дејан Мансков (Веспрем), Мариус Стенхаузер (Фленсбург), Ким Егдал ду Риц и Микел Абт кои ги завршија своите кариери.