Раул: Кога не ги користите шансите…

Македонија го загуби првиот натпревар на Мундијалот во Германија и Данска. Избраниците на Раул Гонзалес беа поразени од Хрватска со убедливи 31-22, иако според прикажанато на теренот, поразот е многу висок. Селекторот Гонзалес смета дека неискористените зицери се пречка.

„Мислам дека имавме шанси, сепак не игравме лошо кога беше седум на шест, но кога имавме исклучувања секогаш губевме тоопки. Во вториот дел беше подобро, но промашивме многу зицери и на вакви мечеви ако не ја искористиш шансата, нема назад. Треба да се обидеме да победиме на еден натпревар. Тешко ќе биде. Знаеме колку силна е Шпанија, колку квалитетен Исланд“, вели Раул.

Следен предизвик за Македонија на СП ќе биде средбата со Шпанија за два дена, додека последниот натпревар ќе биде в четврток против Исланд.