Раул е вистински полиглот: Со Македонците на македонски, со Французите на француски… (ВИДЕО)

Тренерот на ПСЖ, Раул Гонзалес е вистински полиглот и нов доказ дека може за многу кратко време да се научи некој јазик и притоа сосема коректно да се одговараат прашања на новинарите.

После победата синоќа над Мешков Брест, Раул покажа колку добро го познава францускиот јазик и колку успеал да совлада од јазикот во минатиот период.

ПСЖ славеше над Мешков со 35:29 на Еуротурнирот во Стразбург, а денеска Раул ќе има дуел против својот поранешен клуб Вардар. Неговата предност е што одлично го познава и македонскиот јазик, па ќе може со вардарци да поразговара на македонски, а со ПСЖ на француски јазик.