Раул денеска против својот Вардар и против својот ученик Парондо

Откако вчера ракометарите на Вардар беа слободни на стартот на турнирот во Стразбург во Франција денеска ќе имаат можност против составот на ПСЖ да ги почнат битките во натпреварувањето.

Ситуацијата е таква што ПСЖ почна со победа и денеска ќе влезе уште помотивирано против Вардар, а ова ќе биде повторување на средбата од битката за 3. место на последниот Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите.

Сепак, сега има големи промени. Вардар има изменет тим. Тренерот кој го водеше лани сега е на клупата на ПСЖ. Раул ги има тајните на Вардар, па ќе биде навистина интересно да се види како ќе функционираат овие работи на теренот. Оттаму денешната пресметка ќе донесе многу интересен ракомет бидејќи ученикот ќе се соочи со учителот.

Денеска Парондо ќе треба да го води Вардар против својот учител Раул и ова ќе биде голем двобој.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ

ПСЖ – Мешков Брест    35:29

Нант – Монпелје        27:31

ПЕТОК, 24 АВГУСТ

18:15ч

Нант – Веспрем

20:30ч

ПСЖ – Вардар

САБОТА, 25 АВГУСТ

18:15ч

Вардар – Мешков Брест

20:30ч

Монпелје – Веспрем