Ракометар на Струга во битка за златото на ИХФ-шампионатот во Тбилиси

Репрезентацијата на Грузија со победата од 28:21 во полуфиналето на ИХФ-шампионатот на нации во ракометен развој успеа да дојде до две големи придобивки. Покрај тоа што на домашен терен си обезбеди финале успеа да дојде и до место во квалификациите за ЕП 2022.

Со оглед на тоа што Куба ја совлада Бугарија после продолженијата во второто полуфинале стана јасно дека Грузија е најдобропласираната европска селекција, па таа успеа да се најде во квалификациите каде што претходно место имаше за Луксембург и Кипар кои беа најдобри во претквалификациите за шампионатот кој ќе се одржи во 2022 година.

За Грузија на овој шампионат настапува и ракометарот на Струга, Гиорги Дикаминџија кој беше стрелец на четири гола против Британците, а играше и поранешниот ракометар на Прилеп и Пелистер, Орјоникидзе кој погоди трипати.

Турнирот на нациите во развој финишира утре со средбите за пласман. Познат е комплетниот распоред, а за титулата ќе се борат домаќинот Грузија и Куба.

НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

ПОЛУФИНАЛЕ

ГРУЗИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА               28:21 (13:10)

КУБА – БУГАРИЈА           39:36 прод. (32:32, 20:14)

5-8 МЕСТО

КИНА – НИГЕРИЈА          28:24 (12:13)

САД – КОЛУМБИЈА        42:32 (22:18)

9-12 МЕСТО

АЗЕРБЕЈЏАН – МАЛТА  37:22 (18:13)

ИНДИЈА – ИРСКА           39:38 пен. (32:32, 19:14)

РАСПОРЕД ЗА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН

11.МЕСТО (08:00ч)

МАЛТА – ИРСКА

9.МЕСТО (10:00ч)

АЗЕРБЕЈЏАН – ИНДИЈА

7.МЕСТО (12:00ч)

НИГЕРИЈА – КОЛУМБИЈА

5.МЕСТО (14:00ч)

КИНА – САД

3.МЕСТО (16:00ч)

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – БУГАРИЈА

ФИНАЛЕ (18:00ч)

ГРУЗИЈА – КУБА