Радовиш се екипира – потпиша кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиоски

Тимот на Радовиш откако ги продолжи договорите со четири ракометари од минатата сезона – Илиев, Паунов, Билиќ и Ѓорѓиев го промовира и првото засилување за следната година.

Станува збор за искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓорѓиоски, поранешен репрезентативец на Македонија во младинските категории.

Тој доаѓа од тимот на Работнички каде настапуваше во пролетната полусезона. Потекнува од добро познатата прилепска школа, а во меѓувреме играше за Пролет и Охрид.