Радовиш ги задржа најискусните: Илиев и Паунов ги продолжија договорите

Едни од најискусните ракометари во тимот на Радовиш, Ивица Илиев и Славјан Паунов, и во следната сезона ќе ги бранат боите на овој клуб.

Средниот бек Илиев, кој во Радовиш дојде лани во целост ги оправда очекувањата на раководството и го продолжи договорот на уште една година. Голманот Паунов по трансферот од Тиквеш, долги години е чувар на мрежата на Радовиш, па не е изненадување што ќе го продолжи престојот во тимот.

Деновиве би требало да се официјализираат првите засилувања за следната сезона, кружен напаѓач и лев бек. Радовиш сезонава играше во плеј-аутот од Суперлигата, но одамна го обезбеди опстанокот и следната година ќе биде дел од елитното друштво.