Работнички го победи Вардар Неготино, а во последното коло ќе чека услуга од истиот ривал

Тимот на Работнички остана во игра за директно место во Суперлигата, откако славеше над Вардар Неготино со убедливи 35-22.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога домашните ракометари направија предност од седум голови, 18-11.

Најдобри стрелци кај победникот беа Давор Палевски со 12 голови и Кристијан Анастасовски со седум, додека кај неготинци се истакна Ташев и Вељанов со по осум погодоци.

Работнички имаше неколку кикса во текот на сезоната, но се уште има шанса за директен влез во Суперлига. Во последното коло мора да триумфира кај Јуниор, и да чека Вардар во Неготино да го победи Металург 2.