Професорот Чави Паксвал одржа час по „брза географија“ во Барселона (ВИДЕО)

Голем дел од екипите кои се дел од натпреварите во Лигата на шампионите честопати знаат на интересен начин да ја анимираат својата публика и да ја привлечат на своите натпревари. Такво видео се појави и од екипата на Барселона која се подготвува за четврт-финалето од Лигата на шампионите против Нант.

На дресовите на играчите се испишани градовите од кои доаѓаат. Овој пат професорот Чави Пасквал одговараше и погодуваше од кои градови се играчите. Погоди лесно за Дика Мем дека е од Париз, Ентресиос од Хихон, Илиќ од Белград, Перез де Варгас од Толедо… но кога дојде Арон Палмарсон на ред тешко беше изговарањето на Хафнарфјордур. Затоа мораше да побара помош од Палмарсон за правилен изговор на градот од Исланд.

Интересно видео направено за промоција на клубот и секако убава најава за главниот дел од сезоната.