Против Македонија ако треба и повреден ќе игра

Најдобриот поединец во грчката репрезентација, Харис Малиос не беше дел од ростерот на јужниот сосед на пресметката против Исланд поради повреда, но и покрај тоа ќе настапи на последната средбата против Македонија во Струмица.

Веројатно поради важноста на мечот, посебно за јужниот сосед, како и тоа што се игра против големиот ривал Македонија, Малиос ќе стисне заби и ќе проба да игра.

На дуелот во Кожани, Малиос беше најдобар поединец кај јужниот сосед со девет голови, но веројатно нашите репрезентативци сега ќе знаат од каде доаѓа најголемата опасност и ќе биде добро затворен.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција во салата “Парк” во Струмица.