Протестите го диктираат распоредот на ЕП: Нема ракомет во сабота во Нант

Натреварите од Групата 1 на Европското првенство кои се планирани за утре во Нант се одложени за 24 часа. Причината за одлагањето на двете средби кои треба утре да се одиграт се протестите низ Франција, па средбите во Нант се презакажани за на 9 декември.

Утре според планот за натпревари требаше да бидат одиграни дуелите Шведска-Франција (15 часот) и Србија-Русија (18 часот). И двата дуели остануваат во истата саатница, а ќе бидат одиграни в недела.

До одлагање на средбите дојде после контактите на одговорните лица од ЕХФ и Организацискиот комитет со локалните и националните власти во Франција. Со оглед на то што за утре се закажани протести во Нант не можеше да се играат и натпревари, па оттаму в недела ќе има четири средби и ќе има ракомет и во Нант и во Нанси.