Вардар останува без десниот бек: Кисељов го одби Мешков и потпиша за Чеховски Медведи

Рускиот репрезентативец Дмитри Кисељов по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Русија. Тој ќе биде нов член на Чеховски Медведи и следната година веројатно ќе биде дел од Лигата на шампионите. Понуда за Кисељов доставил и Мешков Брест, но била одбиена, пишува „Брз Центар“.

Десниот бек кој остана во сенка на Даинис Кристопанс оваа сезона не се изнаигра во „црвено-црниот“ тим, но добиваше шанса од тренерот Парондо во натпреварите од СЕХА лигата и од плеј-офот во македонската Суперлига.

Кисељов  е стандарден руски репрезентативец, кој потекнува од составот на Санкт Петербург, а настапот за Вардар му е прво интернационално искуство.