Проблеми со повреди кај Келце: Владислав Кулеш оди под нож

Во таборот на Келце за кратко време пристигнаа неколку лоши вести, па на списокот на повредени пред стартот на сезоната се најдоа и Лука Циндриќ и Владислав Кулеш. За разлика од Циндриќ кој има полесна повреда Кулеж се повреди сериозно и мора да направи операција која ќе го одалечи од терените околу три месеци.

Кулеж е вториот играч во тимот кој мора да паузира подолго време после повредата на Мариуш Јуркиевич. Интересен е податокот што новиот лев бек на тимот не стигна да го има своето деби во Келце и два дена пред стартот на лигата го повреди коленото. Покрај Кулеш и Јуркиевич, повреди од поситен карактер влечат и Циндриќ и Јурецки.

Со овој хендикеп, екипата предводена од Талант Душебаев ќе мора на левата бековска позиција да го користи Марко Мамиќ кој е одличен шутер, но дефанзивниот дел од играта му е послаб. Истиот проблем тимот го има и во средниот бековски ред каде диригентот на играта, Циндриќ ќе мора да биде повремено да биде менуван од Алекс Душебаев и крилото Матеуж Јахлевски.

Својот прв натпревар сезонава екипата на Келце го одигра вчера и славеше убедливо против екипата на Гвардија Ополе, а походот кон Лигата на шампионите, Келце го стартува на 15 септември против Веспрем.