Прилеп заживеа ракометно во чест на „Миле Нешкоски“

Минатите два дена за прилепчани имаа особено значење бидејќи во салата на Тутунскиот комбинат беа одиграни четири официјални и два ревијални натпревари на кои имаше интересен ракомет.

После пауза од неколку месеци конечно ракометот се врати во салата каде што се бележеа огромни успеси во минатото. Овие средби беа одиграни во чест и сеќавање на Миле Нешкоски, еден од ракометарите кои оставија длабока трага во ракометот во Прилеп.

На крајот славеше составот на Пролет, кој во финалето успеа да го добие тимот на Струга. Ова беше двобој на два суперлигаши кои покажаа дека во новата сезона влагаат со амбиции за одлични резултати така што ќе биде максимално возбудливо.

Имаше и два ревијални дуели. Кај дамите ветеранките на Прилеп ги совладаа колешките од Гевгелија со 9:6, додека кај мажите ветераните од Прилеп ремизираа со 8:8 против репрезентацијата на ветераните од Македонија.

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОСКИ“

РЕВИЈАЛНИ НАТПРЕВАРИ

ВЕТЕРАНКИ ПРИЛЕП – ВЕТЕРАНКИ ГЕВГЕЛИЈА    9:6

ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП – ВЕТЕРАНИ МАКЕДОНИЈА    8:8

ПОЛУФИНАЛЕ

СТРУГА – ПРИЛЕП       27:22

ПРОЛЕТ – ЛОВЌЕН      27:20

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ЛОВЌЕН – ПРИЛЕП       32:28

ФИНАЛЕ

ПРОЛЕТ – СТРУГА        24:23