Пред ЕП во Полска: Познати се имињата на ракометар(к)ите што ќе ги бранат боите на Македонија!

Иако Македонија беше еден од основоположниците на ракометот на плажа, сепак не направи некој посебен успех во минатото. Последен пат играше на големо натпреварување пред седум години, а сега повторно и машката и женската селекција се враќаат на ЕП.

Селекторот Сашо Србиноски ги одреди патниците за Полска, иако имаше во комбинација и други имиња, особено во машка конкуренција, но сепак дел од нив откажаа поради повреда. Сите ракометарки и ракометари се активни во ракометот во сала, а дел од селекциите на ЕП ќе имаат во ростерот играчи што го играат само ракометот на плажа.

Настапот на ЕП во Полска започнува на 2 јули, а подготовките ќе се одвиваат во Скопје предводени од Србиновски и неговите помошници, Тања Андрејева и Наум Танески.

Список на машка репрезентација:

Александар Стојаноски – Струга
Дарио Алушовски – Аеродром
Стефан Дрогришки – Пелистер
Бојан Маџовски – Еурофарм Работник
Цветан Кузманоски – Струга
Христијан Крстаноски – Струга
Филип Арсеновски – Металург
Мартин Ивановски – Охрид
Стефан Колоски – Јуниор Кисела Вода
Кристијан Трајкоски – Јуниор Кисела Вода

Список на женска репрезентација:

Бисера Паскал – Металург
Моника Јанеска – Аксарај
Александра Боризовска – Куманово
Теодора Маркоска – Стружанка
Сања Дабевска – Куманово
Симона Гроздановска – без клуб
Драгица Митрова – Гевгелија
Теодора Гулицоска – Металург
Пена Граматова – Металург