Прво засилување за Бутел, потпиша Давор Шокоски

Најдобриот играч на составот на Прилеп во минатата сезона, левиот бек кој се снаоѓа и на плејмејкерската позиција, Давор Шокоски (21, 190, 80) е нов ракометар на Бутел Скопје. Тој потпиша договор на две години со нашиот клуб и го искажа задоволството што ќе соработува со новите соиграчи.

„Пред се, сакам да се заблагодарам  Бутел за укажаната шанса. Пресреќен сум што ќе соработувам со одличен тренер, одлични и искусни играчи кои зад себе имаат многу години стаж во македонската Суперлига и интернациоланите купови. Се надевам ќе добијам шанса да се докажувам, но пред се да се надоградувам како играч. Ќе работам напорно за да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања“, вели Шокоски.