Прва машка лига, Група 2: Неизвесност се чека само во Струмица

Во 5. коло од Групата 2 во Првата машка лига најинтересната средба би требало да биде одиграна утре кога во Струмица ќе гостува тимот на Младост 09 од Богданци. Според бодовите кои ги имаат досега и двете екипи ова треба да биде дерби, но тоа ќе треба да биде покажано и на теренот.

Нема да биде лесно ниту за едните ниту за другите и јасно е дека ќе мора да се одигра најдобро што може да се освојат сите бодови.

Металург јуниор е фаворит против Текстилец, додека Вардар Неготино важи исто така за фаворит против составот на Македонија Ѓорче Петров.

Што се однесува до двобојот Риниа М – Куманово тука може да има неизесност, но сè ќе зависи и од тоа во каков состав ќе бидат двете екипи.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 13.10.2018

13:30ч

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР  – ТЕКСТИЛЕЦ

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 14.10.2018

17:15ч

РИНИА М  – МРК КУМАНОВО

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

19:00ч

АСТРАИОН – МЛАДОСТ 09

Сала: „Парк“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Скопје.

19:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР НЕГОТИНО

Сала: Гим. „Кочо Рацин“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Цано Куртовиќ од Скопје.ТАБЕЛА: 1. Вардар Неготино 10 бода (105:80); 2. Металург јуниор 8 (118:97); 3. Астраион 7 (105:95); 4. Младост 7 (102:97)…