Прва машка лига, Група 1: Уште две слободни места за плеј-офот

На две кола до крајот на есенската полусезона во Првата машка лига во Групата 1 стана познато името и на вториот тим учесник во плеј-офот кој напролет ќе биде формиран од осум екипи. По четири од двете групи ќе формираат нова група која ќе разигрува за пласман во Супер машката лига.

После 12. коло сигурно место за плеј-офот имаат Работнички и Металург 2 додека Преспа и ГРК Тиквеш се в подобра позиција за да им се придружат. Во прилог им оди и фактот што петтопласираниот Младост Богданци во следното коло ќе игра со Работнички.

Доколку Младост Богданци загуби, тогаш Преспа е сигурно во плеј-офот. Во случај на пораз на ракометарите од Богданци и победа на Тиквеш тогаш на коло пред крајот ќе бидат јасни сите четири тимови за плеј-оф.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

РЕЗУЛАТИ ОД 12. КОЛО

ПАРТИЗАН – ПРЕСПА    23:41

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ – АЕРОДРОМ   32:31

МЕТАЛУРГ 2 – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ   41:29

РАБОТНИЧКИ – ГРК ТИКВЕШ    48:31

СЛЕДНО, 13. КОЛО (08/09.12.2018)

ПАРТИЗАН – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

ПРЕСПА – МЕТАЛУРГ 2

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – РАБОТНИЧКИ

ГРК ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ

ТАБЕЛА: 1. Работнички 34 бода (465:287); 2. Металург 29 (404:310); 3. Преспа 22 (392:298); 4. ГРК Тиквеш 20 (398:377); 5. Младост Богданци 18 (335:357); 6. Аеродром 12 (366:400); 7. Весна Акумулатори 6 (329:402); 8. Партизан 0 (205:463).