Прва машка лига, Група 1: Младост Богданци на голем испит

Натпреварите од 13. коло во Групата 1 можат да го дадат одговорот и за другите две екипи кои ќе имаат можност да играат во плеј-оф групата напролет. Досега е јасно дека Работнички и Металург 2 се сигурни, но Преспа и ГРК Тиквеш се на добар пат.  Сепак, тука е Младост Богданци, тим кој уште има шанси за место во плеј-оф рундата, но утре го има најтешкиот можен ривал.

Во Богданци гостува екипата на Работнички, која иако веќе си обезбеди прво место продолжува со сигурната игра. Од овој дуел зависи практично многу што и како ќе се случува до крајот. Ако Младост не успее да стигне до победа, а Тиквеш победи тогаш веќе сè ќе биде решено и ќе биде јасно кој ги има првите четири места.

Во секој случај ќе биде интересен викенд, а дали последното, 14. коло ќе биде формалност или ќе има и тогаш надигрување до последен момент ќе се види после средбите кои ќе се одиграат денеска и утре.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

САБОТА, 08.12.2018

12:00ч

ПАРТИЗАН – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

НЕДЕЛА, 09.12.2018

18:00ч

ГРК ТИКВЕШ – АЕРОДРОМ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

19:00ч

ПРЕСПА – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Заре Стојановски“ во Ресен. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

19:30ч

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Работнички 34 бода (465:287); 2. Металург 29 (404:310); 3. Преспа 22 (392:298); 4. ГРК Тиквеш 20 (398:377); 5. Младост Богданци 18 (335:357); 6. Аеродром 12 (366:400); 7. Весна Акумулатори 6 (329:402); 8. Партизан 0 (205:463).