Прва замена на СП, селекторот на Србија повика нов десен бек

Селекторот на Србија, Ненад Перуничиќ мора да направи принудна замена и веќе утре на средбата против Бразил ќе има нов ракометар во составот. Поради повреда Мундијалот заврши за десниот бек Немања Зеленовиќ, кој со болки го напушти теренот на средбата против Србија во петокот.

На местото на Зеленовиќ е повикан младинскиот репрезентативец, Милан Милиќ, кој настапува за екипата на Металопластика.

„Магнетната резонанца покажа руптура на дел од внатрешниот колатерален лигамент. Тој во суштина е зачуван, но неговиот внатрешен дел многу малку е напукнат. Сепак, клинички нема сигурност и постои чувство на болка, па е ризично да игра“, вели докторот на репрезентацијата Милан Бабиќ.

Ова значи дека веќе утре ќе биде направена замена, а синоќа Србија играше со 15 ракометари против Франција.