По Шпанија, следна е Франција: Поранешен член на Металург потпиша за Шарт

Некогашниот ракометар на Партизан, Работнички и Металург –  Вања Илиќ, по настапите оваа сезона во Асобал лигата за Ла Риоха, од следната година ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во Франција.

Нова дестинација на левото крило кое во последно време е стандарден член и на српската репрезентација, ќе биде францускиот второлигаш Шарт, кој има големи амбиции за следната сезона кога ќе се врати во елитата.

Покрај Илиќ, нов член на Шарт ќе биде и хрватскиот интернационалец Никола Јукиќ, кој доаѓа од Понто Комбо. Во Шарт игра и левиот бек од Тунис, Ваел Жалуз.