По Барселона, Кил го порази ѕвездениот ПСЖ!

Ракометарите на Кил по победата над Барселона, славea над уште еден гигант во подготвителниот период пред стартот на новата сезона.

“Зебрите” на домашен терен беа подобри од составот на ПСЖ со 34-30, а на полувремето беше нерешено 14-14. Францускиот тим беше во игра до средината на вториот дел кога беше 22-21, но имаше слаб финиш.

Некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалес, не можеше да најде решение за расположениот Никола Билик, кој даде осум голови за Кил, додека кај ПСЖ најдобар стрелец беше Абало со шест погодоци.