Почнува 47. Струшки турнир, шест екипи во битка за трофејот

Вкупно шест екипи од кои три од Македонија и по една од Србија, Шведска и Грција од денеска до сабота ќе бидат во битка за пехарот на 47. издание на Струшкиот турнир. Екипата на Целје која лани дојде до победа не е на турнирот годинава, а за разлика од лани сега ќе има шест состави што значи дека и натпреварувањето ќе трае ден помалку.

Според составите кои ги имаат за очекување е Еурофарм Работник и Ескилстуна Гуиф да го имаат главниот збор, но ќе мора прво да ги одработат на ниво дуелите од групната фаза.

Денеска на првиот ден програмата ќе ја отворат домашниот тим на Струга, а противник е Пролетер од Србија. Ова е двобој на кој тим колку сработил во подготвителниот период. Стружани имаат нов тренер. Поранешниот селектор на Македонија, Илија Темелковски го презема водењето на Струга, па ова ќе биде еден нов лик на стружани и најава за новата сезона.

Потоа следува пресметка меѓу Аек и Бутел Скопје. И ова е дуел кој ќе биде интересен и секако можност да се види колку тимот на Бутел се има изменето после промените кои се направени. И Бутел Скопје има нов тренер, па и тука се очекува да има измени во однос на играта од последната сезона.

Еурофарм Работник, кој е третиот тим од Македонија на турнирот денеска е слободен, па утре ќе ги почне своите средби, а прв ривал ќе има во Пролетер. Вицешампионот на Македонија има неколку нови ракометари, па ова ќе биде вистинска шанса да се види колку се работело за време на подготовките.

Новиот освојувач на Струшкиот турнир ќе биде добиен в сабота. Финалето е закажано за 21:15 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

СРЕДА, 14 АВГУСТ

18:30ч

СТРУГА – ПРОЛЕТЕР

20:00ч

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ

21:00ч

АЕК – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ЧЕТВРТОК, 15 АВГУСТ

18:30ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ПРОЛЕТЕР

20:30ч

ЕСКИЛСТУНА ГУИФ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ПЕТОК, 16 АВГУСТ

18:30ч

АЕК – ЕСКИЛСТУНА ГУИФ

20:15ч

РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР

21:30ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СТРУГА

САБОТА, 17 АВГУСТ

17:45ч

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

19:30ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

21:15ч

ФИНАЛЕ