Почнува новата сезона во Женската лига и битката за наследник на Вардар

Денеска завршува паузата во женскиот ракомет и стартува новата сезона во која се очекува многу поизрамнета игра и битка за титулата до крајот од сезоната.

Првото коло ќе донесе неколку интересни дуели, а еден е и одложен поради учеството на Металург во Купот на ЕХФ така што е јасно дека викендов сезоната стартува со две средби во Скопје и по една во Гевгелија и во Прилеп.

Фаворитите за титулата се знаат. Откако Вардар го подмлади составот и тоа многу, сега шансите се зголемија кај Металург, Куманово и Пелистер. Сите гледаат во нив три тима кои ќе конкурираат за пехарот така што е јасно дека другите тешко ќе им парират.

Сепак, најдобро е да поминат неколку кола, па потоа да се зборува што и како може да се очекува од оваа сезона во која станува јасно дека после неколкугодишно владеење на Вардар ќе дојде до промена на врвот.

ЖЕНСКА ЛИГА, 1. КОЛО

САБОТА, 8 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

ЦЕМС 2018 – ПЕЛИСТЕР 2013

Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

14:30ч

ВАРДАР – КУМАНОВО

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

19:30ч

ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

НЕДЕЛА, 9 СЕПТЕМВРИ

15:00ч

ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ОДЛОЖЕНА СРЕДА

МЕТАЛУРГ – СТРУЖАНКА

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.