Почина легендарен словенечки тренер

Еден од најпознатите и најславни словенечки тренери, Миро Пожун ја загуби битката со ракот. Хемотерапијата не успеа да го задржи во живот и по неколкугодиншна битка со болеста почина на 76 годишна возраст.

Речиси 20 години Пожун ги водеше репрезентацијата и најдобрите клубови од Словенија низ големи успеси. Во 2004 година успеа сензационално да ја освои Лигата на шампионите со екипата на Целје откако играше финале против Фленсбург и успеа да го добие. Репрезентацијата на Словенија ја водеше на два наврати еднаш во период од 1995 – 1996 година и вториот пат во период од 2008 – 2009 година.

Пожун имаше одлично чувство за откривање млади и проспективни играчи, а ракометот му беше целиот живот. Успеа да открие и да промовира играчи како: Изток Пуц и Сергеј Рутенка, но исто така имаше важна улога во кариерите на други големи имиња вклучувајќи ги Ренато Вугринец, Урош Зорман, Алеш Пајовиќ, Вид Кавтични, Роман Пунгартник и многу други.

Својот последен ангажман легендарниот тренер го имаше во сезоната 2010 – 11 кога го водеше Целје. Во 2011 година Пожун и стави крај на тренерската кариера. Останува да живее сеќавањето на него и се што неправи за ракометот во Словенија.