ПОТВРДЕНО! Давид Писонеро официјално нов тренер на Вардар

Откако 24Ракомет ја објави веста за новиот стратег на Вардар, денес официјална потврда стигна и од европскиот шампион. Во следните две години на клупата на Вардар ќе биде Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46) кој со клубот се договори за соработка.

Како што пишува на официјалниот сајт на македонскиот ракометен бренд, Писонеро доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолид, и неколкупати бил вице-првак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда на коленото.

„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува, изјави за официјалниот сајт Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.