Постигнаа само еден гол за цел натпревар

На турнирот ИХФ Трофеј кој се играше во Јужна Америка за ракометарки до 17 и 19 години, Колумбија и Еквадор одиграа натпревар кој заврши со невообичаен резултат за еден ракометен дуел.

Кадетките на Еквадор само еднаш успеаја да ја погодат противничката мрежа и го загубија дуелот против Колумбија со неверојатен резултат. Средбата заврши 35:1.

Освен овој катастрофален пораз и другите натпревари селекцијата на Еквадор ги заврши со високи порази. Од Венецуела загубија 34:10, од Француска Гвајана 26:9 и од Перу 25:11.

На турнирот Еквадор беше убедливо најслаба екипа и во кадетска и во младинска конкуренција и натпреварувањето го завршија на последното место. Првото место кај кадетките го освои Колумбија, а кај младинките Француска Гвајана.