Последна пречка на исландскиот гол: Немојте да го разбраните „лудакот“ Бјоргвин Пал Густавсон (ВИДЕО)

Македонската машка репрезентација денеска го игра решавачкиот натпревар против Исланд за пласман во главната рунда на Мундијалот во Германија и Данска.

На натпреварот против Хрватска со промашените зицери ја кренавме до небо самодовербата на Марин Шего, а слично беше и против Шпанија и Гонзало Перез де Варгас.

Денеска против себе македонските ракометари ќе го имаат Бјоргвин Пал Густавсон, а против него не смеат да си дозволат утнати зицери.

Ако му тргне на Густавсон, кој во ракометните кругови го има прекарот „лудак“, лошо ни се пишува. Тој досега забележа 38 одбрани, или повеќе од 30% на сите четири меча.