Послатка е победата кога е над соседот: Норвешка ја демолира Шведска

Репрезентациите кои веќе имаат обезбедено учество на престојното Европско првенство наместо да играат квалификации ги одмеруваат силите меѓусебно. Во ЕХФ Евро купот силите ги одмерија добрите познаници, Шведска и Норвешка, а победата ја одесоа гостите со 33:27.

Обидот да се тестираат силите подобро им појде од рака на Норвежаните. Тие започнаа со водство од 4:1, а стекнатата предност со текот на времето се повеќе и повеќе ја зголемуваа. Шведска делуваше немоќно, а првиот дел го загуби со 21:11.

Домаќинот во вториот дел започна да ја топи негативата. Брзо стигна до минус 5, но тоа беше максимумот за Шведска која остана убедливо поразена на крајот. Следната репрезентативна пауза е кон средината на јуни, а во тој период, овие две репрезентации ќе одиграат против Австрија и Шпанија.