Португалија е ривал за високи дострели, секој меч досега носел големи резултати за Македонија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра својот најважен натпревар на кадетското првенство и после него можат да бидат заборавени сите игри во досегашниот дел од шампионатот. Доколку момците на Данило Брестовац и Никола Матлиески успеат да го дадат максимумот на терен и ја надиграат Португалија тогаш сè претходно оди во заборав. Сите лоши изданија и порази се забораваат бидејќи триумф денеска значат пласман меѓу најдобрите осум на Мундијалот.

Мечот со Португалија вечерва почнува од 20:45 часот. Ова е термин нешто подоцна од вообичаениот со оглед на тоа што се играат елиминации и мора да има победник. Овој натпревар е шанса за оваа генерација од која сите очекуваа многу пред почетокот на шампионатот.

Денешниот противник е хит на ова првенство. Португалците дојдоа на Мундијалот како прва замена после откажувањето на Австралија. Добија шанса за да играат, а тие не само што ја искористија туку едноставно забележаа победи против селекции кои пред  почетокот важеа и како фаворити за висок пласман. Португалија победи против Германија и Исланд, а ги надигра и Србија, Бразил и Тунис.

Португалија е репрезентација која Македонија ја памети по убаво. Сите значајни моменти и поголеми резултати биле направени кога Македонија играла квалификации.

Првиот убав момент беа квалификациите за Европското првенство во Италија во 1998 година. Тогаш Македонија успеа да заврши пред Португалците и да се пласира на шампионатот. Тоа беше историско учество бидејќи конечно беше направен чекор напред во некои квалификации и беше обезбеден пласман на големо натпреварување во машка конкуренција.

Вториот значаен натпревар беше во квалификациите за бараж за Мундијалот во 2009 година. Македонија десет години чекаше за враќање на големите натпреварувања, но мораше прво да одработи квалификации. Во нив клучниот натпревар беше одигран против селекцијата на Португалија. Практично баражот беше обезбеден после истекот на времето на реваншот кога Борко Ристовски успеа да забележи одбрана со Македонија заврши во баражот кој потоа беше добиен против Исланд.

Третиот момент кој се памети се квалификациите за СП за младинци во Алжир во 2017 година. Младинската селекција на Португалија беше во иста група со Македонија, Полска и Турција. Македонија и Португалија ремизираа во 2. коло, па потоа во последниот ден двете селекции бркаа победа со повисока разлика за да дојдат до пласман на Мундијалот. Македонија го искористи домашниот терен и заврши на првенството како првопласирана, а таму успеа да го освои 6. место.

Оттаму Португалија е репрезентацијата создадена за успех на Македонија, а дали ќе биде искористен овој момент ќе се види вечерва од 20:45 часот. Среќата од минатото ќе биде со Македонија, а колку ќе биде искористена ќе се види откако ќе биде финиширан овој дуел.