Поранешната вардарка никако да се скраси во еден клуб: Алисон Пино заминува од Брест

Француската репрезентативка Алисон Пино која еден дел од кариерата помина во Скопје како играч на Вардар, а сега член на француски Брест наскоро ќе го напушти тимот. Нејзиниот тежок карактер е голем проблем, па никаде не се задржала повеќе од една сезона.

Освен на почетокот на кариерата во Иси Ле Мулино и Мец, каде играше по три сезони, во сите следни клубови не издржа долго. Валчеа, Вардар, Крим, Ним, Баја Маре, а еве сега и Брест ќе го напушти на крајот на сезонава.

Средниот бек не настапува за екипата на Брест од март сезонава, па ракометарката и управата на клубот се во преговори веќе неколку недели за порано раскинување на договорот. Пино со Брест има договор до 2021 година, но најверојатно нема да го одработи до крај.

Страните се многу блиску до компромис, а Алисон Пино веќе има неколку понуди од фрaнцуски клубови и клубови од други земји.