Поранешен ракометар на Вардар меѓу „непослушните“ во Пелистер: Во Битола суспендирани тројца ракометари!

Битолски Пелистер до крајот на сезоната ќе биде без тројца од ракометарите што дојдоа пред стартот на пролетната полусезона.

Десното крило Александар Гуглета, десниот бек Александар Станојевиќ, како и голманот Даниел Ѓорѓески, кој дојде од Вардар, се суспендирани од управата и веќе нема да бидат дел од Пелистер.

Турбуленциите во битолскиот тим продолжуваат, откако пред една седмица си замина спортскиот директор Златко Димитровски, а тренерот Јошко Петковиќ си поднесе оставка која беше прифатена.

До крајот на сезоната, Пелистер ќе биде предводен од Златко Велјановски и Зоран Атанасовски, а долгорочно решение управата ќе бара по дуелите со Вардар, Пролет и Еурофарм Работник.