Поранешен предводник на Габон е нов тренер на Куманово!

Младиот македонски тренер Александар Бојковски, кој последните неколку години работеше во Африка и помагаше во развојот на ракометот на овој континент, а направи големи успеси со селекциите на Габон и Нигеија, се врати во Македонија.

Бојковски се врати во нашата држава, го презема составот на Куманово, кој игра одлично во плеј-аутот од Првата лига под негово водство и ниже само победи.

Од 2013 до 2017 година работеше со селекцијата на Габон. Во 2014 година со Габон беше дел од Африканското првенство во Алжир, додека младинската селекција на оваа држава беше дел од Африканското првенство во Кенија, како и во Египет во 2016 година на сениорското првенство на Африка.

Во 2018 година започна со работа како технички советник и координатор за млади во Нигерија, а веќе во септември истата година Нигерија беше големо изненадување на африканското првенство за играчи до 19 и 21 година, каде што го освои третото место.