Познати судиите за ЕП 2020: Николов и Начевски делегирани за цел шампионат

Проширувањето на бројот на земји кои ќе играат на Европското првенство во јануари во Австрија, Норвешка и Шведска е причина за зголемување и на бројот на судиите, а веќе е познато и колку судиски двојки ќе се најдат на завршниот турнир.

Од ЕХФ се делегирани 23 двојки меѓу кои е и најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов-Ѓорѓи Начевски, кои се меѓу седумте судиски двојки кои ќе останат од почеток до крај на првенството.

Идејата на ЕХФ е во првата фаза да судат 18 двојки. Ќе бидат одиграни вкупно 36 средби и во секоја група практично ќе има по три двојки и секоја од нив ќе добие по два меча. Потоа 11 ќе си заминат од шампионатот, а на нивно место доаѓаат пет нови двојки кои се предвидени само за во главната рунда.

Во оваа фаза ќе има 12 судиски двојки кои ќе ја делат правдата, а тука ќе бидат и Николов и Начевски. Ова е нов систем и за делегирање на судиите кои ќе имаат и нов начин на тестирање, па место досегашниот курс во август тие ќе имаат тестирање во јануари пред почетокот на шампионатот.

Што се однесува до делегатите и таму ќе има зголемување, а нивните имиња ќе бидат познати до крајот на следната недела.

СУДИИ ЗА ЕП 2020

ПРВА ФАЗА

Радојко Бркиќ/Андреј Јусуфхоџиќ (Австрија)

Далибор Јуриновиќ/Марко Мрвица (Хрватска)

Јеспер Мадсен Киркхолм/Хенрик Мортенсен (Данска)

Андреу Марин/Игнасио Гарсија Серадиља (Шпанија)

Шарлот Бонавентура/Жули Бонавентура (Франција)

Роберт Шулце/Тобијас Тонис (Германија)

Жонас Елијасон/Антон Палсон (Исланд)

Ларс Јорум/Хавард Клевен (Норвешка)

Бојан Лах/Давид Сок (Словенија)

Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија)

Михал Бадура/Јарослав Ондогрекула (Словачка)

ПРВА И ГЛАВНА ФАЗА

Славе Николов/Ѓорѓи Начевски (Македонија)

Вацлав Хорачек/Јиржи Новотни (Чешка)

Ваидас Мацеика/Миндаугас Гателис (Литванија)

Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора)

Дуарте Сантос/Рикардо Фонсека (Португалија)

Артур Брунер/Морад Салах (Швајцарија)

Мирза Куртагиќ/Матијас Ветервик (Шведска)

ГЛАВНА ФАЗА

Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)

Мартин Гјединг/Мадс Хансен (Данска)

Оскар Рали Лопе/Ангел Сабросо Рамирез (Шпанија)

Стеван Пишон/Лоран Ревере (Франција)

Ларс Гајпел/Маркус Хелбиг (Германија).