Познати составите: Турција без првиот голман против Македонија (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

Противник е националниот тим на Турција, кој беше поразен на првиот меѓусебен натпревар во Битола со 31-27.

Во ростерот домаќините ќе го немаат првиот голман Танер Гунај, додека во ростерот на нашата селекција се сите 16 ракометари што отпатуваа за Турција.

Натпреварот започнува во 18:00 часот по македонско време, а ќе го судат добро познатите арбитри од Русија, Евгениј Жотин и Николај Володков, додека делегат ќе биде Исгандар Агсаров од Азербејџан.