ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм со Остроушко, но без Петровски и Чаневски на премиерата во ЛШ (ФОТО)

Откако вчера ракометарите на Вардар одработија одличен натпревар и успеаја да стигнат до победа против Монпелје на гостински терен денеска се очекува истото да го направи и тимот на Еурофарм Работник за да може викендот да биде уште поубав.

Битолчани ќе дебитираат во оа натпреварување, па се очекува да се покажат во најдобро светло и да успеат да тргнат во сезоната со уште еден добар резултат како што беше случај со натпреварот во СЕХА лигата.

Познати се и составите на двата тима. Стратегот на домашните, Стевче Алушовски, ќе смета на засилувањето Владислав Остроушко, а во ростерот ќе ги нема голманот Градимир Чаневски и десниот бек Михаил Петровски. Натпреварот започнува од 17:00 часот, а се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.