Победникот на струшкиот турнир освои уште еден трофеј

Ракометарите на Целје го освоија Кањижа купот откако денес славеа во финалето на турнирот против Нексе. Текот на натпреварот го красеше израмнета игра во која Целје се снајде подобро и победи со тесни 27:26. После Струга ова е втор пријателски турнир во кој се закитуваат со титула.

Екипата на Целје ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, а Нексе го имаше водството само во првите неколку минути. Момците на Бранко Тамше во текот на првото полувреме имаа водство дури и од пет разлика, но истото беше за кратко време консолидирано.

Целје постојано успеваше да го покаже својот карактер и лесно го однесе натпреварот кон победа. Како додаток на извонредната тимска игра е и индивидуалнта награда која ја доби голманот, Алјаж Пањтар кој беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

По овој турнир Целје се враќа во Словенија каде ќе ги продолжи подготовките за предизвиците кои ги очекуваат. Првите натпревари во домашниот шампионат, Целје ги игра на гости на 8 септември против Копер и на 15 септември против У. Лока. Овој натпревар воедно ќе биде и увертира за првиот натпревар од Лигата на шампионите кој целјани го играт дома ден подоцна.