ПИК Сегед сериозно си ја сфати работата – ќе тренира два пати во Скопје!

Вардар го очекува првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот шампион ПИК Сегед.

Тимот предводен од Хуан Карлос Пастор како никогаш досега, лесно обезбеди место во елиминациите и беше на второто место во групата зад ПСЖ. Подоцна, без проблеми го мина и полскиот вицепрвак Висла Плоцк во осминафиналето.

Играчите на унгарскиот тим утре патуваат со автобус од Сегед до Белград, а оттаму со авион ќе се упатат кон главниот македонски град. Ќе тренираат утревечер во СЦ „Јане Сандански“, а најавен е и втор тренинг за четврток наутро.

Стратегот на ПИК Сегед за дуелот со Вардар ќе може да смета на сите повредени ракометари – Габер, Житњиков, Бодо и Калман. Средбата се игра в четврток од 20:00 часот.