Пешевски со титула ќе се прости од Мотор Запорожје

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски на крајот на оваа сезона ќе го напушти украинскиот шампион Мотор Запорожје.

По освојувањето на трофејот во Купот, Мотор ќе ја освои и титулата во лигата. Иако има уште два натпревари од украинскиот шампионат против ЗТР Буревесник и Портовик Јужњи, Мотор не може да биде симнат од врвот.

Има 60 бодови, 4 повеќе од второпласираниот ЗТР Запорожје и без оглед на исходот од последните два меча, тимот на Пешевски ќе биде шампион.

Од следната сезона, македонскиот кружен напаѓач ќе настапува во Бундес лигата, во составот на Штутгарт.