Пешевски и Мотор победија со 42 гола разлика!

Тимот на Мотор Запорожје по завршувањето на обврските во Лигата на шампионите за оваа календарска година, ќе се посвети на доигрување на заостанатите натпревари од украинскиот шампионат.

На последниот натпревар, Мотор, каде што настапува нашиот репрезентативен пивотмен Жарко Пешевски, славеше на гостински терен кај составот на Политехника Лвов со повеќе од убедливи 42 голови разлика, 11-53.

Пешевски имаше солидна минутажа на овој дуел и успеа да постигне четири погодоци. Следна обврска за Мотор е домашниот натпревар против градскиот ривал ЗТР Буревесник на 12 декември, на кој сигурно ќе има поголем отпор од ривалот.

Мотор има осум победи на осум натпревари и се наоѓа на првото место на табелата со 16 бодови и фантастична гол разлика од 197 погоди, 340:143. Просечно тимот од Запорожје победува со 25 погодоци и му нема рамен во домашниот шампионат.