Петровски: Ќе биде тврд и неизвесен дуел со Пелистер, како што му доликува на едно дерби

Еурофарм Работник се уште нема пораз на официјален натпревар оваа сезона во Суперлигата и во ЕХФ Купот. Во 10. коло „фармацевтите“ ќе се соочат со градскиот ривал Пелистер, кој го победија убедливо со 22-33 во првата средба оваа сезона. Десниот бек Михаил Петровски очекува потежок дуел отколку оној во септември.

„На денешниот натпревар против Пелистер очекувам тврд и неизвесен дуел, како што му одликува на едно градско дерби. Иако немавме многу време за подготовка за овој натпревар и свесни дека нема да биде лесно како минатиот пат, влегуваме максимално мотивирано, ангажирани со цел да го добиеме и да ја потврдиме улогата на фаворит“, изјави Петровски.

Средбата меѓу Еурофарм Работник и Пелистер се игра денеска во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:00 часот.