Петровски подобар од Будимир – Аеродром го сруши Вардар!

Предводниците на пионерската селекција на Македонија, Дарко Петровски и Андријана Будимир се сретнаа еден против друг на клупски план. Аеродром предводен од Петровски славеше голема победа над Вардар и Будимир со 29-27.

Домашните отворија со водство од 5-1, но до крајот на полувремето вардарци стигнаа до реми 12-12. Сепак на пауза се замина со предност за Аеродром, 14-13. Битката се разгоре во второто полувреме, но гостите не издржаа до крајот.

По 21-21 во 45. минута, Аеродром преку Омерагиќ се одлепи на 25-21 и ја најави победата. Уморните вардарци намалија на минус два, 27-25 и 28-26, но немаа сили за комплетен камбек, па Аеродром ја комплетира победата со 29-27.

Најдобар стрелец кај победникот беше Омерагиќ со десет голови, а по пет постигаа Антевски и Митев. Кај Вардар се истакнаа Бојан Чакалиќ со седум и Давид Савревски со шест погодци. На табелата во групата 1 од кадетската лига води Вардар со 30 бодови, а Аеродром е втор со 27.