Песоа за 24Ракомет ТВ: Ова е сонот на сите ракометарки

ЖРК Вардар трета година по ред не успеа да се пласира во финалето од Лигата на шампионите откако доживеа дебакл на денешниот натпревар против екипата на ЦСМ Букурешт. Одличниот настап на Јелена Грубишиќ меѓу стативите на романскиот тим не остави простор за бразилската голманка, Мајса Песоа која во сезоната што следи ќе ги брани боите на нашиот шампион.

Песоа за 24Ракомет ТВ изјави дека им било тешко бидејќи изгубија два пати од Вардар во Лигата на шампионите, но за овој натпревар работеле напорно и победиле. Ова било сонот на сите ракометарки на Букурешт, да стигнат до финалето.

За доаѓањето во Вардар во новата сезона, Песоа изјави :

  • „ Многу сум среќна. Сакав да го променам клубот и мислам дека е одлична одлуката да дојдам во Вардар. Среќна сум што потпишав на две години. Едвај чекам да почне новата сезона и да уживам со тимот па можеби наредната сезона ќе одиме во финалето и ќе го освоиме шампионскиот трофеј. “

Целосната изјава можете да ја погледнете во видеото подолу.