Пелистер останува без најдобриот стрелец: Кобетиќ си оди од Битола?

Тимот на Пелистер, кој сезонава се соочуваше со многу проблеми, со две тренерски смени и со многу промени на играчкиот кадар, сепак обезбеди место во плеј-офот и таму го освои петтото место.

Сепак неизвесно е со каков играчки кадар ќе продолжи во иднина, иако беа продолжени договорите со дел од ракометарите што го носеа зелениот дрес оваа сезона.

Таков не е случајот со најдобриот стрелец – хрватскиот интернационалец Марко Кобетиќ, кој не го прифати новиот понуден договор од битолчани.

Средниот бек има понуди од два суперлигашки клуба во Македонија, плус уште два од странство, па наскоро ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.