Пелистер доби нов пивот, после шест години се врати Трајковски

Екипата на Пелистер доби нов пивот пред стартот на подготовките, а како што 24 Ракомет веќе најави тоа е Игор Трајковски, кој се враќа во својот матичен клуб.

Трајковски доаѓа од редовите на Еурофарм Работник, каде после повредата не доби можност за да игра, па сега оди во клубот каде што ги мина сите младински категории. Инаку, Трајковски пред да се повреди беше и капитен на Еурофарм Работник.

Инаку, се враќа во редовите на Пелистер после пауза од шест години, а со него клубот добива на поголем избор на пивотменската позиција. Се работи за искусен играч кој одлично знае што значи да се носи дресот на Пелистер.

Трајковски ќе биде во конкуренција за место во тимот со Костадин Петров и Васко Димитровски, а подготовките за пролетниот дел почнуваат веќе в среда.