Партизан триумфално против Риниа

Екипата на Партизан ја забележа третата победа во плеј-аут од Првата лига. Триумфот беше обезбеден против ослабената Риниа со 32-30. Двата тима се наоѓаат на дното, па оттаму овој дуел беше најмалку примамлив за разлика од останатите.

Ова се два состави со изедначен квалитет, па домашниот терен си го направи своето. После израмнетиот старт први до предност дојдоа гостите (6:9). Истата кратко траеше бидејќи Партизан безо се врати во игра и изедначи, а до крајот на првиот дел дојде и до предност. Полувремето го доби со 19:17. Риниа по првите десет минути од вториот дел успеа да изедначи, но не успеа да го понесе натпреварот кон победа, бидејќи Партизан беше подобар во финишот кога се кршеше резултатот.

Дамјан Трајковски ги понесе гевгеличани кон победата постигнувајќи девет гола. На другата страна Марко Митревски даде 11, а со десет му се придружи Бојан Марковски. Двата тима го делат последното место во плеј-аутот со по девет освоени поени.