Парондо: Сигурен сум дека моите играчи ќе одиграат најдобро што можат!

Ракометарите на Вардар ги очекува последниот натпревар на домашен терен во оваа сезона од најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Унгарскиот првак ПИК Сегед стои на патот на вардарци кон ново учество на завршниот турнир во Келн.

Овој дуел освен што е последен дома во ЛШ оваа сезона, ќе биде последен и за Вардар во ваков формат. Стратегот Роберто Парондо очекува тежок натпревар.

„Во четврток го играме првиот меч против ПИК Сегед. Сакаме да бидеме на Ф4, а за тоа мораме да бидеме подобри од Сегед. Тие се сериозен тим, силен тим, тоа го покажаа во текот на целата сезона, но нашиот тим одлично работеше и сигурен сум дека нашите играчи ќе одиграат најдобро што можат и нема што повеќе да се каже“, вели Парондо.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.