Парондо за 24 Ракомет ТВ: Со помош на нашата публика можеме да направиме сè (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за дуелот против Пик Сегед кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ и кој би требало да го најави третиот патник на Ф4 турнирот во ЛШ со оглед на тоа што Барселона и Веспрем веќе завршија огромна работа на гостувањата.

Парондо има голем предизвик пред себе за да ги подготви за дуелот кој претстои, а ќе мора против својот поранешен тренер Хуан Карлос Паштор кој одлично го познава.

„Ни недостигаат дел од играчите. Не можеме да го имаме комплетниот ростер на теренот. Сигурно дека ова ќе биде многу тежок натпревар, кој ќе трае долго. Сепак, ние играме пред нашата публика, а со нејзина помош можеме да направиме сè“, изјави Парондо за 24 Ракомет ТВ.

Комлетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.