Парондо за 24 Ракомет ТВ: Важна е само една работа, Вардар е шампион! (ВИДЕО)

Тренерот кој во својата прва сезона на клупата на Вардар дојде до круната со „црвено-црните“ во Лигата на шампионите. Имаше многу добри средби сезонава и ретко кога некој тим успеа да ги надигра.

Сето ова беше и водич кон трофејот во Лигата на шампионите каде Вардар дојде со уште две партии кои ќе бидат вечно запаметени поради херојските битки со Барселона и Веспрем. Сепак, после освојувањето на трофејот Парондо, кој беше прогласен и за најдобар тренер во групната фаза од Лигата на шампионите, кажа што е најзначајно во моментов.

„Не е важно кој е тренер, ниту кој играч колку играл. Важна е само една работа. Важен е клубот и дека Вардар е шампион“, коментираше Парондо за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.